Случај Еуростандард: Законски е невозможно обесштетување од Буџетот

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Државата не смее и нема директно да се инволвира во обесштетувањето на физичките и на правните лица на Еуростандард банка, бидејќи тоа е спротивно на законите. Премиерот Зоран Заев ги „олади“ надежите на Здружението на оштетени граѓани, кои бараа да се донесе закон со кој државата ќе ги исплати, а потоа таа ќе си повлече пари од стечајната маса на пропаднатата банка.

Експерти велат дека е невозможно пари да се исплаќаат од Буџетот за ваква намена, а премиерот Зоран Заев на средба со оштетените штедачи, рече дека „законската рамка и правилата се јасни и тие не предвидуваат државата директно да се инволвира преку исплати од Буџетот.

– Тоа не смееме да си го дозволиме затоа што е спротивно на законите – истакнал премиерот Заев.

Премиерот, и покрај првично изразената волја да се помогне, како што наведуваат од Здружението, сега вели дека „негативно мислење за ваква исплата од Буџетот добил од меѓународните финансиски институции“. Заев предочил дека Народната банка реагирала и презела сѐ што е во нејзина надлежност за нерегуларностите во работењето на Еуростандард банка. Од Иницијативниот одбор, пак, наведуваат дека токму под директен надзор и контрола на НБ над Еуростандард банка во текот на изминативе години се одвивал криминалот тежок речиси 60 милиони евра, кои ќе недостасуваат во стечајната постапка за обесштетување на оштетените депоненти.

Исто така, беа потенцирани фрапантните 72 отсто ненаплатливи и тешко наплатливи кредити од кредитното портфолио на фирми во банката наспроти 4,7 отсто колкав што е сега просекот во банкарскиот систем во земјата – соопштија оштетените штедачи.

Инаку, првото стечајно рочиште за Еуростандард банка наместо на 8 октомври, ќе почне на 6 ноември. Од Основниот граѓански суд Скопје објаснија дека сѐ уште се врши достава на доверителите со оспорени побарувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот