Словенија повлече шест и пол тони унгарско мисиркино месо поради птичји грип

пилешко

Од словенскиот пазар повлечени се шест и пол тони мисиркино месо од Унгарија откако на некои фарми во таа држава е пронајдено присуство на вирусот птичји грип, Х5Н8.

Унгарија досега пријави присуство на овој вирус во две фарми. Во едната има над 50, во другата над 110.000 мисирки.

Ветеринарните служби ја следат постапката на повлеченото месо поради прописите за здрави животни, со цел да се спречи пренос на болеста на здрава живина.

Словенечкиот Завод за јавно здравје, сепак тврди дека не постојат докази дека вирусот Х5Н8, каков што е регистриран во Унгарија може да му наштети на човековото здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот