Словенечки хирурзи на погрешен човек му отстраниле желудник, мислејќи дека има рак

Фото: Pixabay

Подоцна се покажало дека операцијата била направена на погрешна личност и дека човекот кој бил опериран немал рак.

На онколошкиот институт во Љубљана опериран е пациент на кој му е отстранет желудник поради дијагнозата на рак на тој орган. Подоцна се покажало дека операцијата била направена на погрешна личност и дека човекот кој бил опериран немал рак.

N1 Словенија известува дека маж на кој му бил дијагностициран рак на желудникот бил опериран на Институтот за онкологија. Неколку месеци подоцна, на пациентот му се јавиле дека дошло до грешка и дека по грешка му го извадиле органот.

Наводно, грешката настанала затоа што надворешен дијагностичар ги сменил примероците од ткиво од двајцата пациенти, што резултирало со операција на погрешен пациент. Засега не е познато што се случило со пациентот кој всушност има рак на желудникот.

Од Институтот за онкологија не сакаа да коментираат за настанатата грешка, туку само најавија дека повеќе информации ќе дадат на прес конференција претставници на медицинскиот центар Барсос, Институтот за патологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и Онколошкиот институт од Љубљана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот