Фото: Фејсбук / скриншот

Слободни говеда, врзани институции – кавга меѓу АХВ и Општина Крива Паланка

Власта да не ја префрла одговороноста кон Општина Крива Паланка, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) единствено може да ги одземе говедата кои слободно се шетаат низ градот, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Крива Паланка Сашо Митовски.

Реакцијата на Митовски следи откако вчера од Агенцијата обвинија дека Општината и градоачалникот одбиваат да соработуваат за решавање на проблемот кој трае 15 години.

„Обидите за префрлување на одговорноста кон Општината се правно неосновани и не ја менуваат фактичката состојба бидејќи решението е донесено од страна на Агенцијата, правосилно е и извршно од април 2024 година, но до денес не е спроведено. Општината останува подготвена да обезбеди логистичка и кадровска поддршка за спроведување на решението, но не може и нема да ја преземе законската надлежност на државна институција“, рече Митовски.

Тој кажа дека проблемот со добитокот што со години предизвикува штети во Крива Паланка продолжува да создава последици врз јавните површини, приватниот имот, безбедноста во сообраќајот и благосостојбата на животните.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство вчера соопштија дека добитокот кој шета низ Крива Паланка и околните села не може инстантно да се реши.

ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот