Сликовница од Александар Прокопиев ќе биде промовирана во „Литература.мк суперстор“

Новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од познатиот писател и книжевник Александар Прокопиев ќе биде промовирана на 16 јануари (понеделник), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“.

Илустрациите се на Сања Симоска, а уредничка на книгата е Оливера Ќорвезироска. Сликовницата, која е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“, е дел од новата едиција „Љубов на прв збор“.

Приказната во „Танцот на шарените шамичиња“ почнува кога едно свилено шамиче ќе ѝ се налути на мајка си и тргнува низ светот да бара дете на кое му тече носот.

Низ лирска, алегорична приказна за шамичето кое доживува брза и ненадејна слава, а сепак мечтае да си остане тоа што е, авторот ги соочува децата со фантазиите и сништата за иднината, поддржувајќи ги да мечтаат, но и подучувајќи ги никогаш да не се откажуваат од себе, од своите блиски и од тоа што во суштината сѐ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот