Славој Жижек за „Јутарњи лист“: Животот по пандемијата, капитализмот и левицата во светот

Славој Жижек/ Фото Roger Askew/The Oxford Union / Shutterstock Editorial / Profimedia

Хрватски „Јутарњи лист“ разговараше со Славој Жижек, словенечкиот филозоф за бројни актуелни теми во светот на политиката и општеството.

Хрватите го сакаат Жижек бидејќи можат да ја разберат неговата филозофија. На страна од неговиот интересен и допадлив карактер, играта со зборови и неговиот изглед, тој пред се е модерен филозоф. Неговите ставови за темите како комунизмот, вицевите, шегите и вулгарните изрази за бројни контроверзни теми ја кренаа неговата популарност кај народот, пишува хрватскиот портал.

Така на пример, неговата дистинкција помеѓу германската темелност, француската револуција и англискиот прагматизам е позната по тоа како „изметите“ го третираат дизајнот на шолјите во тоалетите во секоја од овие земји.

Откако тој претходнава недела по којзнае кој пат го посети Хрватскиот народен театар, хрватскиот медиум успеа да разговара со Жижек.

Прашан дали мисли дека начинот на кој Филозофскиот театар го именуваше настанот („После капитализмот: Феудализам или комунизам?“) звучи претенциозно тој одговори дека апсолутно се согласува.

„Ми се чини дека основната илузија сега е дека не ни требаат екстремни решенија, ако продолжиме да одиме прагматично – некако ќе протуркаме. Јас, пак, мислам дека се ближиме до колективна катастрофа, со пандемијата и глобалното затоплување, а потоа ќе следат нови кризи – а ако не преземеме ништо, не чека целосна катастрофа. Веќе не верувам во умереност, затоа мислам дека треба да се испровоцира.“ вели Жижек.

Во еден текст Жижек прашува „дали постои нешто по досадно од подлегнувањето на наредбите на суперегото постојано да измислува нови провокации?“ па новинарот на „Јутарњи“ го праша филозофот подетално да го објасни ваквото прашање.

„Искрено? Дури ни јас не се согласувам со овие термини како „неофеудализам“. Но, нешто специфично се случува – големите дигитални корпорации го контролираат заедничкиот простор. Бил Гејтс, на пример, не е човек од профит, тој е рентиер и секој од нас му служи кога го користи својот медиум. Ако ова го поврземе со фактот дека несигурната работа станува доминантна, во некои земји дури и до 30 отсто од вкупната работна сила – тоа значи дека се соочуваме со целосно исчезнување на стариот пролетаријат. Со некаков нов феудализам.“ вели тој.

А парадоксот е што овој сиромашен, мал несигурен работник понекогаш се гледа себеси како слободен работник. Тоа е механизам кој ја блокира солидарноста на работниците, го воспоставува принципот на конкуренција и создава илузија – сите ние сме мали капиталисти. Погледнете што се случува со парите денес. Сведоци сме на голема, општа сиромаштија, а парите, фигуративно кажано, се печатат како луди. Ова е уште една логика која повеќе не е логика на неолибералниот капитализам. Мојата провокација е во тоа; да ја заборавиме таа левичарска опседнатост со неолиберализмот, вели Жижек.

Неолибералниот капитализам

Жижек во последниве 15-20 години често го коментираше ова сениште на неолибералниот капитализам како некаква „Чупакабра за левицата“, имал многу говори само за неолиберализмот, а сега наеднаш тврди дека не постои.

– Неолибералниот капитализам повеќе го прифатив како лозинка – затоа што сите го користат. Но, ако гледаме нешто во последните неколку години, тоа е извонредно силната улога на државата. Неолибералниот капитализам беше само фраза за неразвиените земји, а не за создавање тешкотии. Но, ако ги погледнете развиените земји, кои се економски моќни, нели државата е главниот носител на лостовите на моќта? Што се случи со економијата во време на пандемијата? Се се сведе на земјите кои печателе трилиони долари“ одговори тој.

Коронавирусот и економијата

Новинарот на „Јутарњи“ вели дека сепак државите затвориле се, а не вирусот. Тој го праша Славој што би се случило доколку Хрватска одлучила да не стави клуч кога владееше коронавирусот. „Како сега да зборуваме за државата како голем спасител на економијата кога таа ја осакати земјата?“ праша новинарот.

– Добро, но знаете ли дека сега има теории од левата и десната страна дека државата едноставно ја искористила пандемијата за да го спаси капитализмот од нова финансиска криза и да воспостави контрола врз населението? Мислам дека државата едноставно беше во паника и мислам дека без нејзината улога во оваа криза ќе беше многу полоша. Што ќе се случеше со економијата пред две години без државата?, вели Славој.

Во мојата Словенија или, да речеме, во Англија, луѓето повикуваа на посилно, посилно заклучување, но државата, под притисок на економијата, не сакаше да попушти пред луѓето. Така што мислам дека сите тогашни одлуки се носеа под капата на општиот хаос – и не велам дека државата ја заслужи оваа доверба од народот – туку народот во очај се потпре на државата, додава тој.

Прашан дали мисли дека говорењето за пандемијата како некаква духовна одмазда на природата кон капитализмот звучи смешна, тој вели дека таквите ставови се чисти глупости.

-Тоа за мене е целосна глупост! Прво, едно нешто што секогаш го повторувам – природата е глупава, слепа и одмаздољубива и без нас. Само помислете дека нашите главни извори на енергија се уште се: нафтата, бензинот и јагленот. Значи, дали воопшто можете да замислите какви еколошки мега-катастрофи се случија на земјата пред да настане човештвото и воопшто да ги има овие елементи? Природата не е рамнотежа што ги уништува нашите економски системи, како што сега се обидуваат тоа да го протуркаат целосните идиоти, вели Жижак.

Природата е луда сама по себе. Природата е чиста коинциденција, ние случајно настанавме, а случајно можеме да исчезнеме! Поуката од пандемијата е дека ние, човештвото, разбираме дека сме обични животни на оваа планета, за на крајот да преземеме поскромна улога. Во овој контекст, интересно е да се забележи дека дури и наводно познатите екологисти, оние кои се залагаат за враќање кон мајката природа, всушност арогантно се занимаваат со управување со животот на земјата. Па, да речеме велат – секоја рамнотежа е изгубена, но во природата никогаш не била! Треба да се навикнеме на општата радикална несигурност во која имаме шанса исклучиво преку некаква глобална меѓународна, соработка. Но, јас не сум оптимист овде!

Шегите околу пандемијата и трагичните настани

Неодамна Жижек потсети на зборовите на Ернст Лубич, кој некогаш изјавил дека на случувањата со холокаустот треба да се пристапи со хумор. Сега, новинарот го праша дали тој смета дека треба да со потсмев да се гледа на пандемијата, знаејќи колку луѓе го загубија животот.

– Секако! И треба да се смееме! Патем, се плашам да зборувам за ова, а тоа е мојата стара теза – кога работите се навистина трагични – тогаш ни осстанува само хуморот. Затоа што секоја трагична позиција веќе има одредено достоинство, а со тоа и оптимизам за иднината. Нема трагична позиција во Аушвиц или во гулагот – тоа е суштински очај и обид да се преживее. Познавам Босанец кој сега работи на Универзитетот Стенфорд – тој често се шегува за настаните во Сребреница. Тоа се ужасни, валкани шеги! Но, тој ми рече – за нив раните се уште толку свежи што не ја достигнале таа фаза на трагедија по која, разбирливо, може да се започне со хумор, одговори тој.

Сите го гледавме филмот „Don’t look up“! Но, знаете каде луѓето грешат – филмот не се потсмева со Трамп. Мерил Стрип е фигура на Хилари Клинтон, а оние кои велат „Погледни горе!“ се оние од перформативната левица, кои што своето политичко учество во јавниот живот го постигнуваат преку настапи, спотови, тривијалност, па нормално дека тие не можат ни искрено да се насмеат на филмот.

Славој Жижек се надеваше дека после Трамп во САД левицата ќе се позиционира како незаменлива политичка сила, но некако тие надежи му пропаднаа.

– Но, нешто сепак се случи таму- а тоа е дека во Америка т.н демократскиот социјализам како еден вид сила. Ако Хилари станеше претседател, демократите ќе беа многу поконзервативни!

Дали десничарите ја искористија пандемијата?

На почетокот на пандемијата се говореше дека ковид криззата ќе ја искористат десничарските популисти. И всушност ништо од тоа не се случи. Кризата, реално, беше искористена со рационални и умерени политики; Финска, Данска, Тајван, Нов Зеланд итн. Значи, земјите кои дефинитивно не се популистички, всушност, се на чело со жени, прогресивно, и очигледно е дека тие ја искористија вонредната состојба за да отворат нови парадигми на власта, особено Нова Зеланд, каде доаѓаат сосема луди примери. Новинарот побара од Жижек да ги објасни ваквите толкувања.

-Популизмот ќе се врати! Тука е! Зарем не мислиш така? Мислам дека Трамп дефинитивно ќе ги „крене“ следните избори во САД. Проблемот што го гледам сега е, да речеме, Италија. Сега, одеднаш, сите се за Драги и владата на националниот спас. Освен фашистите! Но, повторно, мислам дека тоа е временско – тој вид полуавторитарен модел на национално единство, моделот на Сингапур, моделот на Јужна Кореја. Луѓето ги губат нервите, а тоа нема да биде долгорочно одржливо, одговори Жижек.

Жижек во интервјуто говореше и за Кина и за состојбата во една од најголемите и најсилни светски сили.

Тој признза дека грешно размислувал кога станува збор за Кина.

Да, згрешив – во оваа криза Кинезите прибегнаа кон овој мек фашизам, меѓу другото, ја зачуваа капиталистичката динамика и ја совладаа со авторитарното чувство за заедница. Сè уште не мислам дека ќе успее, едноставно не можам да побегнам од фактот дека Кина има толкава тензија. Имам многу добри контакти во Кина, овие луѓе се во целосна паника – правилно го разбраа проблемот – а тоа е опасноста од мега-компаниите, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот