Славниот турски гигант Бурсаспор е пред банкрот

Фото: EPA/SEDAT SUNA

Eден од најпознатите турски клубови и шампионот на оваа земја од 2010 година, Бурсаспор е пред згаснување.

Претседателот на клубот, Реџеп Гунај најави банкрот велејќи дека шансите клубот да „преживее“ се рамни на нула, а главната причина се големите долгови и забраната за доведување на нови играчи.

„Шансите Бурсаспор да опстане се еднакви на нула. Изречена ни е законска казна. Се обидувам по правен пат да ја остраниме. Тоа не се решава со пари. Добивме забрана за регистрирање нови играчи во три преодни рока. Предложивме казната да биде заменета со одземање на бодови, а Фудбалскиот сојуз на Турција ќе има конечна одлука, тоа ќе биде опстанок или згаснување. Како управа ние направивме се што е во наша моќ.

„Ако јас се откажам, струјата ќе ни ја изгаснат по една недела. Тимот нема да може да излезе на натпревар. Стручниот штаб ќе замине…на кого би препуштиле Бурсаспор?“, зборува помеѓу другото Гунај

Долгот на Бурсаспор изнесува 1.5 милијарди турски лири и наскоро ќе дојде сметката за данокто кој клубот не би можел да ја плати во кратко време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот