Славко Голужа е новиот тренер на ППД Загреб

Славко Голужа ќе го има третиот мандат во ППД Загреб/фото: rk-zagreb.hr

Хрватскиот ракометен клуб ППД Загреб ја информираше јавноста дека нов тренер на екипата е Славко Голужа.

За прославениот хрватски ракометар и тренер ова ќе биде трет мандат на клупата на хрватскиот шампион.

Се очекува првиот натпревар на клупата да го има на 24 ноември во ЕХФ Лигата на шампионите на гостински терен во Унгарија против Веспрем.

Договорот меѓу ППД Загреб и Голужа е официјално потпишан до крајот на тековната сезона.

До сега тимот го водеше поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван кој си замина поради лошите резултати сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот