Славевски: Да се преиспита сетот мерки на Владата

Бројот на лица што ќе ги исполнуваат условите на Владата да ја користат мерката надомест на минимална плата ќе биде многу мал, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Сетот мерки кои што вчера ги објави Владата мода да се преиспита со цел да се намали ударот врз граѓаните и стопанството, како и да се зголеми нивото на сериозноста во пристапот со справување со кризата. Мерките доцнат, а стопанството и граѓаните непотребно се изложени на непредвидливост, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски.

Според него предлогот мерките се недоречени и конфузни. Освен за вработените во јавниот сектор, барем на почетокот од обидите за справување со кризата, не постои граѓанин или претпријатие во Македонија на кои им е јасно дали, кога и накој начин ќе бидат потпомогнати со некои од мерките што ги предлага Владата.

Нашите проценки се дека бројот на лица што ќе имаат можност да ја користат мерката надомест на минимална плата ќе биде многу мал. Истата нема да можат да ја користат фимите и вработените во најпогодените сектори каде помошта на државата е најпотребна.

Тоа се дејностите за сервисни услги со храна и сместување (секторот уготителство и туризам), каде според последните податоци од Државниот завод за статистика се ангажирани околу 33.000 вработени. Кон ова треба да се придодадат големиот број на вработени во трговијата кои моментално не работат.

Исто така во мерките не видовме помош и поддршка на самовработните и занаетчиите. Тие се соочуваат со големи проблеми и ставаат клуч на врата, додава Славевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот