Скратените часови кошмар за учениците, наставниците не успеваат да го предадат целиот материјал

Скопје, 16 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Скратените часови се кошмар за секој кој сака вистински да научи, вели за „Слободен печат“ средношколецот Христијан Ацевски од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје , зборувајќи за онлајн-наставата и потешкотиите со кои се среќаваат учениците во текот на оваа учебна година во пандемиски услови.

Часовите траат по 35 минути и се учи од поскратени материјали во однос на претходните години, меѓутоа, Ацевски вели оти многупати се случува наставникот да не може да стигне да ја предаде ниту суштината на материјалот.

– По некои предмети тоа оди брзо и лесно, меѓутоа, многу често се случува да не може да се предадат ниту основните работи, бидејќи едноставно тематиката е преголема. Додека наставникот провери кој е вклучен на час и додека сите успешно се приклучат на онлајн-часот веќе поминале 15 минути – вели Ацевски, кој објаснува и дека некои наставници дури закажувале и дополнителни часови за да успеат да го предадат целиот материјал.

Со ова се согласува и средношколка од СУГС „Никола Карев“ во Скопје, која вели дека учениците повеќе на своја кожа ги чувствуваат скратените часови, отколку скратениот материјал.

– Повторно имаме големи лекции за учење, само сега тие често се нецелосно предадени. Онлајн наставата има повеќе предизвици, но скратените часови дефинитивно имаат големо влијание врз учениците – објаснува оваа средношколка која сакаше да остане анонимна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот