СКОПСКИ АГОЛ: Скопјани не ги почитуваат препораките на Градот– не користат бесплатен превоз

Скопјани не ја користат една од пакетот мерки на градот – бесплатниот превоз. Извештаите говорат дека не се зголемуваа свесноста за користење на јавниот превоз. И сега кога воздухот е загаден, тие не ја напуштаат удобноста на автомобилите.

– Билетот за едно возење се наоѓа во тест фаза. Засега има до Матка и одредена количина е пуштена во оптек. Не би сакала да лицитарам со датум кога ќе биде целосно пуштена, ќе чини 50 денари. Правиме напори испораката на новите автобуси да биде предвреме. До почетокот на летото сите тие треба да бидат дел од јавниот превоз, рече во „Утрински брифинг“ портпаролот на ЈСП, Деспина Трајковска – Димова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот