Магла и смог во Скопје / Фото: Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

Скопје вечерва e меѓу најзагадените големи светски градови, а во Кичево воздухот е уште поотровен

Скопје вечерва е рангирано околу 20-тото место на листата најзагадени светски градови со население поголемо од 500.000 жители, а индексот AQI, кој мери различни параметри за квалитет на воздухот, околу 22 часот изнесуваше 134, што е ниво што се нарекува „нездраво за чувствителни групи“.

Најголемото загадување доаѓа од опасните ПМ2,5-честички, чијашто концентрација во скопскиот воздух вечерва наместа е околу десетпати повисока од вредностите што за безбедни ги смета Светската здравствена организација (СЗО).

Уште полоша е ситуацијата во Кичево и Велес, кои се најзагадените македонски градови – во Кичево AQI-индексот изнесуваше 242, а во Прилеп – 210.

Фото: AQIcn.org

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот