Фото: Противпожарно возило / илустрација

Скопјанка е запрепастена: Пијан ме прегази со кола, по една година го избраа за најдобар пожарникар

Кристина Цоковска вели дека добитникот на признанието за најдобар пожарникар на Град Скопје за 2025 година, Игор Станишев, лани ја прегазил со кола, возејќи со 2,1 промили алкохол во крвта

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера ги додели признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2025 година, а на ова на социјалните мрежи реагира скопјанката Кристина Цоковска. Таа вели оти не може да поверува дека човекот кој, возејќи пијан ја прегазил со автомобил пред помалку од една година, сега добил признание за најдобар пожарникар.

„Најдобриот пожарникар(Игор Станишев) прогласен од Град Скопје е истиот човек кој што на 11.01.2025 предизвика сообраќајна несреќа во која ме удри со моторно возило, под дејство на алкохол. Не можам да си поверувам во каква држава живееме. Овој текст не е обид да се омаловажи неговата професија, ниту неговите професионални успеси, ако навистина постојат, туку е лична реакција и неверување дека човек кој што треба да спасува човечки животи, истовремено и ги загрозува. Не разбирам дали вредностите што ги носат пожарникарите важат само од 9 до 5? Дали храброста и пожртвуваноста се униформа што се соблекува после смена?“, пишува Цоковска во објавата.

„Бидејќи истиот овој човек свесно, под дејство на алкохол се качил во своето возило и со тоа предизвикал опасност во сообраќајот. Записникот од полиција покажа дека го управувал возилото со 2.1г/кг алкохол во крв и 1.3г/кг алкохол во урина. Ваквиот човек сега си добива признание и ќе биде величан од Град Скопје и јавноста“, додава таа.

Град Скопје додели признанија за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител за 2025 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот