Скопјанец обвинет за недозволена трговија со кокаин

Илустративна фотографија/Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Скопје, по завршување на истражната постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Станува збор за претходно оформен кривичен предмет во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за нелегална меѓународна трговија со наркотична дрога – кокаин, каде постапката се водеше против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Откако кривичната постапка беше запрена против едниот осомничен, списите од овој предмет за вториот осомничен беа доставени на понатамошно надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.

Со поднесеното обвинение, обвинетиот се товари дека на 19 февруари годинава во село Крушопек, општина Сарај неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин со тежина од 1001 грам. Дрогата била откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани кои биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот