Скопјанец со „југо“ прегази пешак на Рузвелтова

Полиција / Фото: МИА

Седумдесет и петгодишен скопјанец со „југо“ прегазил пешак на Рузвелтова. Несреќата се случила вчера во 9 часот.

„На 12.09.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт” со сервисна улица, патничко возило „југо корал 45″, управувано од М.Р.(75) од Скопје, удрило во пешакот Р.М.(93) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот