Скокнал од камион, па завршил во болница

камиони транспорт
Фото: илустрација / архива на „Слободен печат“

Во полициската станица во Крива Паланка вчера околу 14.40 часот било пријавено дека во Итната помош со повреди бил донесен Г.Л. (43) од Куманово.

Според пријавеното, на патот во изградба помеѓу селата Т’лминци и Градец, кај место викано „Крстата падина’’, Г.Л. изгубил контрола над товарното моторно возило „МАН“ и скокнал од возилото. Притоа здобил тешки повреди, информираат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица од Крива Паланка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот