Скендер Реџепи: Верувам дека партиските органи ќе одлучат Алтернатива да биде дел од Владата

Скендер Реџепи
Скендер Реџепи / Фото: Слободен печат- Драган Митрески

Начелно верувам дека органите на партијата ќе одлучат Алтернатива да биде дел од Владата, изјави за „Слободен печат“ Скендер Реџепи, пратеник и член на претседателството на Алтернатива. Во исчекување на средбата помеѓу лидеот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев за можен влез на Алтернатива во Владата, Реџепи вели дека очекувањата во партијата се дека предност ќе дадат на евроинтеграциските процеси на земјава и на програмските ветувања до граѓаните.

Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата. Разликите во партијата се истопија и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е приоритет пред уривањето на Владата. Верувам дека предност ќе дадеме на евроинтеграциските процеси, како и на остварувањето на програмата на Алтернатива која им ја вети на граѓаните и на нашите избирачи – изјави за „Слободен печат„ Реџепи.

Тој вели дека досега немало понуда за министерски позиции. Очекува сликата да биде појасна по средбата помеѓу Заев и Гаши која треба да се случи деновиве.
Реџепи му одговори и на генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој во гостување на телевизијата Шења рече дека Алтернатива и да влез во власта ако опозицијата создаде парламентарно мнозинство од 61 пратеник партијата на Гаши ќе гласа за уривање на Владата.

Таравари сигурно мисли на Беса, а зборува за Алтернатива. Ние сме Алтернатива, не сме Беса. Ако Алтернатива одлучи да биде дел од власта тој договор ќе важи до крајот на мандатот на Владата- вели Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот