Скандал во шпанското кралско семејство: Принцезата Кристина се разведува од сопругот прељубник
Откако бил уловен со љубовницата и јавно ја понижил принцезата Кристина, поранешниот ракометен шампион ноншалантно одговорил: „Такви работи се случуваат“.
Препорачано
Шпанското кралско семејство сѐ уште не се опоравило од обвиненијата за корупција против поранешниот крал Хуан Карлос (84), а веќе се соочува со нов скандал. Неговата помала ќерка Кристина (56) се разведува од сопругот Ињаки Урдангарин (54) по 25 години брак. Таа се огласила со одмерена изјава една недела откако нејзиниот сопруг, со кој ги има синовите Хуан (22), Пабло (21), Мигел (19) и ќерката Ирене (16), беше фотографиран како се држи за рака со друга жена.
„Со заеднички договор одлучивме да го прекинеме нашиот брак. Посветеноста кон нашите деца останува иста“, вели принцезата. Како што обично се случува, таа замоли за разбирање од сонародниците и медиумите, очекувајќи „најголема почит“ за приватноста на нејзиното семејство.
View this post on Instagram
Но, се чини дека ништо од тоа, бидејќи аферата на нејзиниот сопруг беше откриена без никаква „почит“ од шпанските медиуми: таблоидот „Лектурас“ го обвини Урдангарин за аферата, објавувајќи ги неговите фотографии со друга на југот на Франција. Запрашан за коментар, прељубникот ноншалантно одговорил: „Такви работи се случуваат“.
Која е љубовницата поради која кралското семејство донесе одлука за развод, бидејќи тешко дека Кристина сама ја донела, без договор со нејзиниот помал брат, 54-годишниот шпански крал Фелипе Шести?
Станува збор за атрактивната Шпанка Аинхоја Арментија (43), сметководствена аналитичарка во адвокатска фирма во Виторија, Баскија, каде поранешниот ракометен шампион отслужил дел од казната (работа за јавно добро) за проневера на државни пари, пишува „Тајм“. Љубовницата веќе го напуштила сопругот, односно „во фаза е на разделба од сопругот“, а истото го направила и јавно понижената принцеза.
?IMPRESIONADO
Como ya sabéis, Iñaki Urdangarín, se ha echado nueva churri, y resulta que en la revista @Lecturas pone que vienen a verme al show.
?@elgolfocomedy
? VIERNES 28
⏰ 19:30Os dejo las entradas, a ver si tenéis suerte de coger alguna:https://t.co/GW4aZaplss pic.twitter.com/oqQUOU8XXL
— Mikel Bermejo (@Soymikelbermejo) January 24, 2022
Јавното мислење за Урдангарин е многу лошо. Неговото заминување ја ослободува Кристина од товарот што мораше да го носи со години. Таа направи сѐ за него, а тој ја остави поради друга. Знаеме зошто е осуден на затвор и повеќе не е член на кралското семејство.
View this post on Instagram
Неговото заминување треба да се гледа во позитивен контекст“, вели шпанскиот аристократ Рамон Перез-Маура, уредник на онлајн весникот „Ел дебате“.
Сега сите се прашуваат како ќе продолжи да се однесува понижената Кристина? Дали ќе страда во тишина и стоечки ќе чека да легне прашината, како и нејзината мајка, кралицата Софија (83), додека нејзиниот сопруг Хуан Карлос со години бесрамно ја изневеруваше или ќе му се одмазди на омразениот Урдангарин?


