Скандал во Луксембург: Војвотката Марија Тереза обвинета за луди трошоци
Слободен печат
Пред
63-годишната сопруга, родена во Куба, на големиот војводата Анри, заврши во виорот на контроверзии по внатрешната ревизија, нарачана од премиерот Хавиер Бетел.
Големата војвотка Марија Тереза (63 ), со кубанско потекло, сопруга на големиот војводата Анри, кој е на тронот од 2.000 година, заврши во виорот на контроверзии по внатрешна ревизија, побарана од премиерот Хавиер Бетел. Ревизијата покажала дека војвотката правела „луди“ трошоци, но по ова сознание на виделина излегле и жалбите дека таа е „тиранин“ со персоналот.
Големиот војвода од Луксембург, Анри (64), морал да интервенира со изјава, објавена на социјалните мрежи, и да побара стопирање на наводите. Содржината што се проширила на англиски, шпански и француски јазик е впечатлива, а со неа биле приложени три различни фотографии од парот.
Анри застанал во целосна одбрана на својата сопруга:
-Зошто напаѓате жена, тој ги прашал своите поданици. – Жена која се залага за други жени, жена на која не ѝ се дава ниту право да се брани. Во овие триесет и девет години мојата сопруга покажа тотална посветеност на нашата земја поддржувајќи важни прашања против сексуално насилство, дислексија, и ѝм помогна на многу млади жени во Африка.
-Горд сум на тоа што до сега го сработи мојата сопруга. Како што знаете, откако дојдов на престолот, секогаш работев на модернизација на нашата монархија, така што секогаш сум бил отворен за напредок. Дури и на внатрешната истрага, не се спротивставив. Обвиненијата против мојата сопруга се неправедни и поради нив страда целото наше семејство. Ние ќе продолжиме да ѝ служиме на земјата.
Инаку, сè започнало во август 2019 година кога премиерот на Луксембург, Хавиер Бетел од судот побарал да направи увид во работењето на војводата и војвотката, поради сè позачестените поплаки од вработените, очигледно заради „тешката природа на големата војвотка“. Извештајот, наречен Варинго, ќе биде претставен во следните неколку дена, но веќе гласините почнаа да кружат. Изгледа дека војвотката Марија Тереза, меѓу другите работи што ги правела, живеела во Париз и го принудувала нејзиниот тим постојано да да доаѓа кај неа во француската престолнина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Уставниот суд немаше мнозинство да одлучува дали ќе поведе постапка по иницијативата на политичките партии Левица и Демократи кои ја оспоруваат уставноста на Изборниот законик во делот на платеното политичко рекламирање. Судијата Осман Кадриу како известител предложи да се поведе постапка и да се оценуваат одредбите од Изборниот законик, но не доби мнозинство, односно немаше …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ФОТО | Легендарниот Ентони Хопкинс и на 88 години не го пропушта Светското првенство, а откри и за кого навива 2 Ако купувате веќе исечена лубеница, треба да знаете зошто таа не е …