СКАНДАЛ: „Боже чувај ја од зло“ жртва на руски плагијатори (ВИДЕО) – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеЕспресоШоу биз

СКАНДАЛ: „Боже чувај ја од зло“ жртва на руски плагијатори (ВИДЕО)

Она што е добро секој посакува да е негово. Така и фантастичната „Боже чувај ја од зло“ си ја присвои руската рок група „Землјене“.

Руската рок група „Землјане“ која на руската музичка сцена постои повеќе од четири децении ја „присвои“ добро познатата за сите нас песна „Боже чувај ја од зло“ од Тоше Проески, а она што ги разгневи неговите фанови е дека групата оваа песна ја претстави како своја.

Плагијатот го носи насловот „Боже“ и истиот е промовиран на нивниот канал на YouТube уште на крајот на месец февруари оваа година.

За да биде уште потрагично, под самата песна е наведен и тимот кој се претставува дека ја создал оваа песна, па така „авторите“ на ова дело се Владимир Трушин, односно автор на музиката, и Владимир Киселев кој е потпишан под текстот, кој всушност е само преведен и прилагоден на руски јазик.

„Боже чувај ја од зло” од оригиналниот Тоше Проески е еден од неговите најголеми хитови, а таа се најде на неговиот албум „Игри без граници” кој беше издаден во 2007 година.

Ова е плагијатот, во чии коментари можете да прочитате бројни осуди за ова дело од фанови и љубители на делото на Тоше од целиот свет.

Уживајте во оригиналот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close