Сите зборуваат за црниот фустан на кралицата Летиција: Во него секоја жена изгледа како милион долари! (ФОТО)

Модните избори на шпанската кралица Летиција секогаш се коментираат. Главно позитивно, а во последното издание сопругата на шпанскиот крал Фелипе успеа да го запре здивот на сите кои се најдоа во истата просторија со неа.

Нејзиниот црн фустан со мрежичка на рамената, реси кои паѓаат до колковите и миди должина зрачеше од гламур и елеганција.

профимедиа

Со ваков ефектен фустан со потписот на „Hugo Boss“, на кој не му се потребни речиси никакви додадоци, таа понесе само мала црна торбичка и салонки со висока штикла со потписот на „Manolo Blahnik“ и со исклучително интересен дезен.

профимедиа

Кралицата носеше и малку накит, односно еден дискретен прстен и дијамантски обетки, кои прилегаат на кралскиот стил.

профимедиа

Нејзината шминка беше нагласена со оглед на тоа дека станува збор за вечерна прилика. Многумина искоментираа дека ова е најдобрата модна комбинација во која ја виделе кралицата Летиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот