Сите „Твитер“ профили кои се неактивни повеќе од една година ќе бидат избришани

Илон Маск Твитер/ Фото: Peter Kov / Alamy / Alamy / Profimedia

Илон Маск во понеделникот објави дека ќе ги отстрани сите профили од „Твитер“ кои се неактивни веќе неколку години, објаснувајќи дека неговата цел е да ја подобри платформата. Според политиката на „Твитер“, корисниците треба да се најавуваат на својот профил најмалку еднаш месечно за да избегнат трајно отстранување поради продолжената неактивност.

„Ги елиминираме профилите кои не се активни со години, па веројатно ќе забележите дека бројот на вашите следбеници се намалува“, предупреди шефот на социјалната мрежа. Откако ја купи платформата кон крајот на октомври за 44 милијарди долари, мултимилијардерот најави големи отпуштања и промени.

Аналитичарите велат дека многу корисници ја напуштиле апликацијата, а новата форма за претплата на „Твитер Блу“ е недоволна за да се компензира загубата на приход. Но, Илон Маск продолжува да го реализира својот план, поттикнат од повратните информации од фановите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот