Сите стравуваат дека фаталната Бетина ќе го оцрни целото семејство Трамп, во неа гледаат закана
Сојузниците на Доналд Трамп Јуниор се загрижени за влијанието што новата девојка Бетина Андерсон ќе го има врз обликувањето на јавното мислење. Имено, тие стравуваат дека Бетина, која се искачува на социјалните скалила, може да го оцрни „брендот Трамп“.
Препорачано
Пријателите на семејството Трамп прават сè што можат за 46-годишниот Дон Јуниор да ја прекине новата врска со 38-годишната Бетина Андерсон Палм Бич.
Сојузниците на најстариот син на Доналд Трамп се загрижени дека неговата нова љубов не е „доволна МАГА“, односно дека нејзиното однесување не е во склад со водечкиот слоган на Трамп „Направи ја Америка повторно голема“ (Make America Great Again – MAGA). Особено, по нејзината претходна поддршка за движењето Black Lives Matter и за строгите правила во врска со ковидот.
Двојката ја објави својата врска во јавноста непосредно пред Доналд Трамп да положи заклетва како 47-ми претседател на државата што треба да се случи на 20 јануари 2025 година. Бетина планира да му се придружи на Дон Јуниор на инаугурацијата на Трамп следниот месец, изјави извор за DailyMail, што воедно ќе биде нејзин прв јавен настан покрај првиот син на претседателот.
„Една работа е да се грижите за озборувањата на Палм Бич кои ќе запрат во Мар-а-Лаго“, рекол извор близок до тимот на Трамп. „Но, да се дозволи тие проблеми да продрат во Белата куќа е ново ниво на проблеми.“
Најмалку две лица блиски до Дон Јуниор тврдат дека таа само го користи нивниот пријател како уште едно отскочна даска во нејзиното „искачување по социјалната скала“ и безгрижниот начин на живот на инфлуенсерка. Сепак, се чини дека нејзиниот ненадеен публицитет не му пречи на првиот син на претседателот, бидејќи тој и Бетина заминаа за Италија на романтично бегство само неколку дена откако се објави веста за нивната врска.
Бетина јавно објави слики од љубовните писма и цвеќињата кои ѝ ги пратил Дон Јуниор, а исто така отворено го документираше нивното луксузно бегство во Европа.
Близок личен пријател на Дон Јуниор изјави за Дејли мејл дека парот не бил изненаден од ваквите реакции и дека „очекуваат озборувања и глупости, само затоа што таков е светот на Палм Бич“.
Но, извор кој работел за кампањата на Трамп во последните пет години изјави дека Дон Јуниор полека почнува да се „буди“ бидејќи јавноста почнува да дознава повеќе за Бетина.
Првите гласини за нејзината врска со Дон Јуниор започнаа во септември оваа година кога се појавија слики од парот како се бакнува и разменува нежности додека вечера во ресторан во близина на резиденцијата на Трамп во Јужна Флорида.
Во тоа време, 46-годишниот Дон, кој е татко на пет деца сè уште беше јавно свршен со поранешната водителка на Фокс њуз, Кимберли Гилфојл. Малку подоцна беше откриено дека врската на Дон Јуниор и Кимберли Гилфојл е завршена по четири години веридба. Новоизбраниот претседател Трамп потоа објави дека Кимберли Гилфојл ќе биде негов амбасадор во Грција за време на неговиот претседатски мандат.


