Сите државјани од Авганистан кои пристигнаа се негативни на тестирањето за ковид-19

Авганистански цивили пристигнаа во Скопје / Фото: Слободен печат/Горан Наумовски

Сите државјани од Авганистан кои синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром се негативни на тестирањето за Ковид-19, информираат од Владата за МИА.

На прашањето дали некој од авганистанските државјани е позитивен на Ковид-19, од Владата за МИА изјавија дека сите се негативни на направените тестирања.

– Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР Ковид -19 етстовите, велат од Владата.

Со авион на компанијата „Камаир” вчера преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот