Елизабет Тејлор/Фото: Flickr/Wikimedia Commons

ФОТО | Синот откри морничава вистина за Елизабет Тејлор: Ме молеше, а потоа сама си ја заби иглата во нога

Првата авторизирана биографија на холивудската дива Елизабет Тејлор се вика „Елизабет Тејлор: Упорноста и гламурот на една икона“ (Elizabeth Taylor: The Grit And Glamour Of An Icon). Авторката Кејт Андерсон Брауер имала увид во дневниците и писмата на славната актерка, разговарала со членовите на нејзиното семејство и пријателите кои претходно не зборувале за филмската дива.

Вака јавноста ги дозна досега непознатите детали за Елизабет Тејлор, која почина во 2011 година.

Фото: Vitya_maly / GoodFon

Во книгата раскажува и нејзиниот син Кристофер Вајлдинг, кој актерката го добила со вториот сопруг, актерот Мајкл Вајлдинг. Тој зборувал за нејзината борба со алкохолизмот и злоупотребата на лековите против болки.

„Ме прашa дали можам да дојдам во нејзината спална соба за да ѝ помогнам. Веќе беше под влијание на нешто, ми покажа место на бедрото и ме праша дали би ѝ дал инјекција. Соочувањето со тоа сценарио го исцица сиот воздух од мене и ѝ реков дека ми е жал, но дека не можам да ѝ помогнам во тоа“, рекол тој и додал дека таа потоа го погледнала разочарано, па сама си ја забила иглата во ногата“, рекол Кристофер.

Елизабет Тејлор/ Мајкл Вајлдинг/Кристофер/Фото: Wikimedia Commons

Вајлдинг живеел со својата мајка во раскошна вила во Вашингтон којашто таа ja делела со нејзиниот шести сопруг, сенаторот од Вирџинија, Џон Ворнер.

Фото: WIkimedia Commons

Најголемото откритие во биографијата се однесува на тоа како Елизабет користела наркотици, зависноста не успеала да ја победи ниту по рехабилитацијата во клиниката за одвикнување „Бети Форд“. До 1990 година, тројца нејзини лекари биле обвинети дека ѝ препишувале лекови кои предизвикуваат зависност во огромни количини – тие ѝ препишале 1.000 рецепти за 28 лекови помеѓу 1983 и 1988 година.

Кристофер раскажал дека актерката разговарала со лекарите и во текот на доделувањето на Оскарите и ги молела за поголеми дози. Таа заедно со алкохол земала таблети за спиење и за против болки, а користела и повеќе видови наркотици.

„Одеше во кревет зашеметена, неспособна да оди право, зборуваше со детски глас“, рекол тој.

Авторката на книгата ја прикажува холивудската дива и како феминистка која се борела против мизогинија и против сидата, а во текот на осумдесеттите години собрала повеќе од 270 милиони долари за борба против оваа болест.

Фото: PICRYL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот