Синот на Ибрахимовиќ доби повик за проба во репрезентацијата на Шведска

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Винсент Ибрахимовиќ, синот на легендарниот шведски фудбалер, Златан доби повик во кампот на репрезентацијата на Шведска за фудбалери родени 2008 година.

Синот на Ибрахимовиќ кој има 15 години е член на италинански Милан, а вкупно на овој камп повикани се 66 фудбалери кои ќе се обидат да се изборат за место во репрезентацијата на Шведска до таа возраст.

„Винсент е одличен играч и е еден од 66-те играчи кои ги гледавме долго време. Знам дека ќе се крене многу прашина за овој повик, бидејќи татко му е Златан Ибрахимовиќ, но Винсент го заслужи ова“, изјави тренерот Аксел Ѓел за неговиот повик.

Покрај Винсент, Ибрахимовиќ има уште еден син, Максимилијан, но ова е првпат некој од нив да биде поврзан со шведската репрезентација.

Максимилијан исто така игра за Милан, но во тимот до 18 години. Тој игра на крилната позиција и оваа сезона за јуниорскиот тим на „росонерите“ одигра пет натпревар и не се запиша во листата на стрелци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот