Синот на Бекам започна врска со 10 години постара бразилска пејачка: Заедно ја поддржаа Викторија Бекам на Париската модна недела

Фото: Инстагтрам/Џеки Апостел

Синот на поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, Круз (19), повторно љуби, обој пат бразилската пејачка Џеки Апостел, која е десет години постара од него. Деновиве таа му се придружи на целото семејство Бекам на Париската модна недела.

Според „Дејли мејл“, Круз и Апостел се во врска од јуни годинава, а заедно пристигнаа на модната ревија на Викторија Бекам. Списанието „Хелоу“ објави дека пејачката следниот месец ќе го прослави својот 29. роденден.

„Џеки е поранешна членка на бразилската група девојки ‘Шуц’ и е десет години постара од своето момче. Во објавата на Инстаграм во која ги претставува членовите на ‘Шуц’ во 2022 година, Џеки е претставена како 26 години, што значи дека сега има 28. Ѕвездата ќе наполни 29 години на 18 октомври“, напишаа тие.

Апестол беше видена неколку пати со семејството Бекам за време на модната недела, а на модната ревија носеше и една од креациите на Викторија Бекам. По шоуто таа објави на Инстаграм и напиша: „Една од најубавите ревии и најубавите фустани. Секоја чест Викторија Бекам“.

Фото: Инстагтрам/Џеки Апостел

Неодамна, „Дејли мејл“ објави дека поранешната девојка на Круз, Биби Ајви, рекла дека младиот Бекам ја изневерил, а неговата друга поранешна девојка, Иси Молони, ѝ дала поддршка. Бекам беше поврзуван со Молони на почетокот на оваа година, а набргу потоа беше виден со Биби Ајви.

@bbyivymusic💔

♬ love you just the same demo – bby ivy

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот