Синер со пресврт до победа во Мајами

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Јаник Синер потешко од очекувањата дојде до победа на својот прв настап на Мастерсот во Мајами. Синер во три сета беше подобар од Холанѓанецот, Талон Грикспор (5:7, 7:5, 6:1).

Грикспор имаше изненадувачко водство 1:0 во сетови кога при 3:3 во вториот сет дојде до прекин поради дожд. Паузата траеше околу половина час, а тој прекин влијаеше и на играта на тенисерите.

Синер до тој момент изгледаше прилично лошо, меѓутоа по враќањето на теренот успеа да израмни и го освои вториот сет со 7:5. Во третиот издоминира и му дозволи на холандскиот тенисер само еден гем.

Противник во третото коло на Синер ќе му биде Оконел од Австралија кој е 66-то место на АТП листата.

Од останатите мечеви пласман во следната рунда обезбедија: Каспер Руд, Данил Медведев, Доминик Копфер и Николас Џери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот