Синдикатот побара од Битиќи да не се изгасне печката на Фени

Фото: Влада на РСМ, средба на Битиќи со синдикатот на Фени

Синдикатот на „Еуроникел индустри“ кој веќе извесен период бара помош за фабриката да не оди во стечај и да почне нормално да функционира, попладнево се сретнаа со Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

Како што информираа од владината прес-служба, на состанокот претставниците на синдикатите детално ја изнеле состојбата во која се наоѓа компанијата“.

Вицепремиерот Битиќи потенцирал дека социјалниот дијалог е важен и дека тој во целиот свој мандат постојано повикува на истиот, затоа и се сретнал и ги сослушал синдикатите, иако „Еуроникел индустри“ е фирма во приватна сопственост, како и дека верува во праведно и правично разрешување.

Битиќи дал поддршка во насока на почитување на обврските и правата и на двете страни кои произлегуваат од синдикалниот договор, како при секојдневното работење на компанијата, така и при можната реорганизација, што ќе гарантира дека вработените во „Еуроникел индустри“ ќе добијат заштита.

-„Еуроникел“ е важна за државата, но и локалниот развој, за животот во Кавадарци и регионот, како и за вработените кои сакаат нивниот глас да биде чуен затоа што сакаат и имаат право да бидат заштитени, повикувајќи на солидарност и разумност при носењето на одлуките при реорганизацијата на компанијата, истакнал вицепремиерот Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот