Синдикати на пет јавни универзитети бараат потпишување на колективните договори и прием во Собрание

Фото МИА

Синдикати на пет јавни универзитети во државава во допис до медиумите соопштија дека го поддржуваат Сојузот на синдикатите на УКИМ (ССУКИМ) во остварувањето на нивните права кои произлегуваат од потпишаниот Колективен договор на вработените на Скопскиот универзитет.

Синдикатите на универзитетите во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“-Охрид и „Мајка Тереза’-Скопје информираат дека искажуваат „братска солидарност и поддршка во напорите на Сојузот на синдикатите на УКИМ (ССУКИМ) во остварувањето на нивните права“.

Воедно бараат итен прием кај претседателот на Собранието Јован Митревски, како правен застапник на основачот на јавните универзитети, со цел да ги потпишат колективните договори кои претходно ги доставиле.

-Доколку не бидеме примени најдоцна до 15 февруари 2024 како синдикати на наведените јавни универзитети, ќе преземеме други чекори и постапки кои соодвестуваат на современиот синдикализам, се наведува во соопштението.

Сојузот на синдикати на УКИМ бара средба со премиерот, во спротивно следува протест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот