Силвестер Сталоне ќе се приклучи на екипата на филмот „The Suicide Squad“

Instagram

Актерот Силвестер Сталоне е последното име што ќе се приклучи на култната екипа на филмот „The Suicide Squad“. Главниот режисер на франшизата, Џејмс Ган, ја објави веста на неговиот Инстаграм профил во саботата вечерта.

Instagram
Сцена од „The Suicide Squad 2“ / Instagram

Секогаш сакам кога работам со мојот пријател Сталоне… Нашата работа на „The Suicide Squad“ не беше исклучок“, напиша Ган.

И покрај тоа што Сли е иконска филмска ѕвезда, повеќето луѓе сè уште немаат идеја колку неверојатен актер е ова момче“, пишуваше во објавата.

Instagram
Сцена од „The Suicide Squad 2“ / Instagram

И актерот Сталоне ја потврди изјавата како реакција на објавата на режисерот Ган.

Џејмс, ти си неуморен и неверојатен режисер, смедам дека тоа е најголемиот комплимент. Продолжи така“, напиша Сталоне.

Нејасно е која улога ќе ја толкува Сталоне во следното продолжение, закажано за 2021 година. Филмот веќе има одлична актерска екипа, вклучувајќи неколку актери кои биле дел од претходниот филм.

Instagram
Instagram

Маргот Роби повторно ќе се појави во улога на Харли Квин, заедно со Џаи Кортни како Каметанот Бумеранг, Џоел Кинаман како полковникот Рик Флаг и Виола Дејвис како Аманда Валер.

Instagram
Сцена од „The Suicide Squad“ / Instagram

Ган најави дека Идрис Елба исто така ќе биде дел од новата екипа. Останува нејасно кој ќе го игра Џокер, бидејќи се чини дека Џеред Лето не се враќа во улогата на негативецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот