Силвана Бонева: Доживеав девет сообраќајки од 2011 до 2015

Силвана Бонева / фото: МИА
Поранешната пратеничка Силвана Бонева, обвинета во „Друмарина“, денес објави дека во периодот од 2011 до 2015 доживеала девет сообраќајни незгоди и дека тоа на судското рочиште го искористила како покритие дека интензивно патувала додека била народен избраник во Собранието.
„Денес се изведуваат доказите на обвинителството меѓу кои имаше 53 фактури и тоа само од еден овластен сервис, кои го потврдија континуираното мое патување, поправките и сервисирањата на моето возило, вклучувајќи ги и поправките по 9те сообраќајки што ги доживеав во периодот 2011-2015.
Апсудрно е СЈО да ме обвинува дека воопшто не сум патувала, а во исто време да поднесува докази со кои потврдува дека континуирано сум патувала, дека речосо секој месец возилото било сервисирано заради помината километража и поправано заради големиот број на сообраќајни незгоди. 

Со тоа и после денешното рочиште се потврди неоснованоста на обвинението на СЈО дека од 2011 до 2015 год сум била сместена во Скопје, дека не сум патувала и дека сум ги измамила службите на Собранието дека сум патувала!“, напиша Бонева на Фејсбук.

Според обвинението, таа поднесувала лажни фискални сметки од патарини од други лица кои патувале, за што наплатила значителна сума пари од Собранието. Се работи за периодот од 1 јануари 2011 до 16 декември 2015 година, кога Бонева беше пратеник во Собранието.

Таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања за присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6 458 551 денари.

Бонева поднесе и оставка како член на Државната изборна комисија откако за шест месеци зела 12.000 евра за патни трошоци, односно речиси половина од вкупно 25.000 евра колку што исплатила Комисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот