Силниот земјотрес во Порторико ги прекина телефонските линии и снабдувањето со струја (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/THAIS LLORCA

Предупредување за цунами е објавено за Порторико и за американските Девствени Острови по првиот земјотрес, но потоа тоа е повлечено.

Земјотрес со силина од 6,4 степени го погоди Порторико во доцните утрински часови, додека три часа подоцна следуваше нов потрес од шест степени, по кој во некои подрачја се пријавени големи штети, пренесува „АП“.

Осум луѓе се повредени во гратчето кое се наоѓа во близина на епицентарот на земјотресот. Властите соопштија дека една од главните електрани во земјата прекинала со работа, но се очекува островот да добие струја во текот на денот.

Предупредување за цунами е објавено за Порторико и за американските Девствени Острови по првиот земјотрес, но потоа тоа е повлечено.

Како што пренесуваат медиумите, во потресот е срушена една црква, а официјалните лица предупредуваат дека постои можност повеќе објекти да се оштетени, за што ќе имаат информација откако ќе се вратат во функција телефонските линии.

Гувернерката на Порторико Ванда Васкез потврди дека нема извештаи за загинати лица, но побара затворање на јавните институции и ги повика граѓаните да останат мирни додека не се испитаат оштетувањата на објектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот