Силна експлозија кај авганистански универзитет: Шест мртви, 27 повредени

Фото Арихва на СП

Најмалку шест лица загинаа, а 27 се повредени во експлозија што денеска избувна пред влезот на универзитет во главниот град на Авганистан, Кабул.

Меѓу повредените има и студенти кои чекале да одат на испит.

Локалната полиција соопшти дека специјални единици откриле и уништиле и втора болба која била поставена во близина на местото на експлозијата.

Досега ниту една група нема преземено одговорност за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот