Сиљановска-Давкова се сретна со Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на БиХ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.
Препорачано
Како што информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, на средбата било изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји, и бил изразен интерес за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес, пред сè на економски план.
„Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази македонската поддршка за европските и евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина, како и нашата подготвеност за размена на искуства со БиХ. Двете соговорнички констатираа дека унапредувањето на регионалната соработка со цел справување со предизвиците, како и напредок на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан се од круцијално значење за стабилноста и просперитетот на регионот“, се вели во соопштението на Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Сиљановска-Давкова изразила длабоко сочувство до семејствата на настраданите и брзо закрепнување на повредените во поплавите во Босна и Херцеговина.


