Силјановска Давкова: Народот легитимира, народот делегитимира

Гордана Силјановска Давкова / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени, истакна во видео обаќање на Фејсбук Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, откако денеска ги собра потребните над 10 илјади потписи за кандидатурата.

Таа дополнува дека народот легитимира и народот делегитимира.

-Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата. Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам!, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот