Силјановска Давкова: Младите се потенцијалот и силата врз кој треба да се темели државата

Силјановска, исто така, беше децидна во ставот дека младите сакаат конкурентна држава, независна администрација која ќе се основа на конкурс без двојни аршини.

Носителот на Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со младите од општина Кисела Вода, каде истакна дека младите се потенцијалот и силата врз која треба да се темели државата во иднина.

Силјановска Давкова им порача на младите дека нивната е најважната приказна, дека нивната приказна говори за обновување на образовната инфраструктура, изградба на нови училишта, обновени факултети, институти, библиотеки, задолжително изучување на македонскиот јазик на универзитетите и посебност на Институтот „Блаже Коневски” со задолжителни лектори професори по македонски јазик на секој факултет.

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, посочи таа, се предвидени ваучери за младите за културни и спортски настани, компјутерска едукација и уште многу образовни надградби.

Силјановска, исто така, беше децидна во ставот дека младите сакаат конкурентна држава, независна администрација која ќе се основа на конкурс без двојни аршини, за можност да имаат најдобрите и најкомпетентните, без разлика од која политичка партија доаѓаат или каква етничка припадност имаат.

– Не смее етничката припадност да биде предност или маана при избирањето на кадрите во сите институции, туку квалитетот и научниот степен, порача Силјановска Давкова, и се обврза на исполнување на сите проекти за млади од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ со цел подобрување на стандардот на младите во Република Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот