Сиљановска Давкова кон Зеленски: Украинскиот народ може да смета на македонското сојузништво

Украинскиот народ може да смета на македонското сојузништво – му порачала претседателката Гордана Сиљановска Давковa на претседателот на Украина, Володимир Зеленски во телефонскиот разговор.

„Во разговорот со украинскиот претседател Зеленски, претседателката Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот кабинет, ја нагласи нашата цврста и недвосмислена поддршка кон Украина во однос на неиспровоцираната и неоправдана руска воена агресија. Осврнувајќи се на меѓународното право, принципите на Повелбата на ОН и Статутот на Советот на Европа, претседателката рече дека украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво и пријателство во справувањето со историскиот предизвик со трајни и несогледливи последици“, соопштија од Кабинетот на претседателката.

Двајцата размениле мислење и за претстојниот Самит чиј домаќин ќе биде Швајцарија, чија цел е да создаде рамка поволна за сеопфатен и траен мир во Украина.

„Претседателот Зеленски во текот на разговорот ја покани претседателката Сиљановска Давкова да ја посети Украина,  за што тие дополнително ќе се консултираат на Самитот во Швајцарија.  За време на разговорот беа нагласени одличните односи меѓу двете земји, карактеризирани со идентични вредности, меѓусебна почит и разбирање, силно потврдени со континуираната соработка во сите области од заеднички интерес. Претседателката Сиљановска Давкова и претседателот Зеленски ја реафирмираа посветеноста од натамошна заемна поддршка во меѓународната дипломатија, во насока на исполнување на европската аспирација на двете држави“, информираат од Кабинетот на Сиљановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот