Силен земјотрес регистриран и во кинеската провинција Кингхај

Земјотртес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во западната кинеска провинција Кингхај, соопшти Кинескиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил во округот Мадо, на длабочина од околу 17 километри. По силниот земјотрес уследиле уште два послаби од 3,1 и 3,9 степени.

ВИДЕО I Се бројат жртвите од земјотресот во Кина: Тресеше и во Мјанмар

Во Кина денеска ова е втор силен земјотрес. Претходно во во југозападната кинеска  провинција Јунан беше регистриран земјотрес со интензитет од 6,1 степени, при што загинаа најмалку двајца, а девет лица се повредени. Поради земјотресот 21.000 луѓе се евакуирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот