Сигурна победа на Ѓорческа на стартот на фјучерсот во Трнава

Фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна ИТФ фјучерсот во Трнава што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Ѓорческа во мечот од првото коло ја совлада квалификантката од Полска Урсула Радванска (33 години, 502.место ВТА), мечот траеше 75 минути и заврши со резултат 2-0 во сетови (6:3 6:2).

Во првиот сет македонската тенисерка на почетокот направи предност од два гема (3:1 и 4:2), за потоа сетот да го заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет Радванска поведе со 2:1 во гемови, на што следуваше серија од пет гема за македонската тенисерка која сетот го заврши со 6:2.

Ѓорческа во мечот имаше шест брејка од седум можности,а противничката направи два брејка од три шанси.

Противничка на Ѓорческа во второто коло ќе биде Александра Еала од Филипини (18 години, 180 место ВТА) која со 2-0 во сетови ја совлада Ана Бондар (втора носителка од Унгарија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот