Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ /Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Си-ен-ен: Американската војска е подготвена да го нападне Иран овој викенд

САД распоредуваат моќни поморски и воздухопловни сили на Блискиот Исток, што може да значи дека подготвуваат терен за голем напад врз Иран. Според вчерашните извештаи на Си-ен-ен и Си-би-ес њуз, американските вооружени сили се подготвени да почнат да го напаѓаат Иран од викендот, доколку Доналд Трамп го нареди тоа.

Американскиот претседател, кој веќе одлучи да изврши воздушни напади врз Иран во јуни 2025 година, не престанува да му се заканува на Техеран дека би можел да започне воена интервенција доколку тековните разговори не доведат до договор за нуклеарната програма на Исламската Република.

Тој ги повлече САД од меѓународниот договор од 2015 година за нуклеарната програма на Иран, официјално Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA), во 2018 година за време на неговиот прв мандат.

Присуството на „таква воена моќ (…) во регионот создава само по себе моментум. Понекогаш е малку тешко да се закочи и да се каже: „Тоа е тоа, ние не правиме ништо“, вели Сузан Зианде, аналитичарка во Американскиот центар за стратешки и меѓународни студии (CSIS).

Вашингтон продолжува да испраќа десетици воени бродови и воени авиони на Блискиот Исток. Сега распореди десетици илјади војници во бази низ регионот – од кои некои би можеле да се покажат како ранливи на иранска одмазда.

Напредок има, но договор не е на повидок, објави Иран по нуклеарните разговори со САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот