Швјонтек за полуфинале против Сакари на „Ролан Гарос“

epa09254080 Iga Swiatek of Poland celebrates after winning the 4th round match against Marta Kostyuk of Ukraine at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 07 June 2021. EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Ига Швјонтек е последната четвртфиналистка на грен слем турнирот во Париз во женска конкуренција откако со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:4 ја елиминираше Украинката Марта Костјук.

Осмата носителка од Полска за пласман во полуфиналето на „Ролан Гарос“ ќе ги одмери силите против Марија Сакари од Грција.

Победничката од тој дуел во следната фаза ќе игра со подобрата од пресметката Кори Гоф (САД) и Барбора Крејчикова (Чешка).

Швјонтек ита кон втората титула по ред на „Ролан Гарос“, воедно досега освои 22 сета во низа на париската подлога.

Во останатите два четвртфинални дуели Елена Рибакина (Казахстан) ќе се соочи со Анастасија Пављученкова (Русија), додека Тамара Зиданшек (Словенија) за противничка ја има Паула Бадоса Гиберт (Шпанија).

Ролан Гарос: Ѓоковиќ имаше негатива од 0:2, па му препушти само еден гем на ривалот!

Видео на денот