ШВЕРЦ НА КРВ: Бремените жени во Кина прекршуваат закони за да го дознаат полот на своето дете – Слободен печат
ВестиПланета

ШВЕРЦ НА КРВ: Бремените жени во Кина прекршуваат закони за да го дознаат полот на своето дете

Властите во Хонгконг дознале дека постојат специјалнизирани шверцери на крв, кои за одредена цена (од 14 до 42 долари), пренесуваат чувствителни материјали преку граница.

Цариниците на граничната контролна точка меѓу градот Шенжен и полуавтономната прокраина Хонгконг пресретнале жена која во градникот се обидела да пренесе повеќе епрувети со крв, сите означени со имиња на бремени жени од Кина, објави Си-Ен-Ен.

Овој, но и многу други слични случаи се редовна појава во Кина. Властите во Хонгконг дознале дека постојат специјалнизирани шверцери на крв, кои за одредена цена (од 14 до 42 долари), пренесуваат чувствителни материјали преку граница.

Криумчарењето на крв од Кина во Хонгконг, каде тестирањето за полот на децата на бремените жени е забрането, драстично е зголемено во изминатите три години. Примероците се испраќаат во клиниките во Хонгконг каде се тестира нивната ДНК, преку која идните родители дознаваат дали детето е машко или женско.

Во очајничките обиди на родителите да го дознаат полот на детето, тие се обраќаат на посредници кои ги нудат овие услуги на интернет. Според Си-Ен-Ен, на кинескиот пандан на Твитер наречен Веибо, неколку агенции ја нудат оваа услуга.

– Жените можат да го направат ова тестирање кога се 6 до 7 недели бремени. Агенцијата бара само ултразвук за доказ дека жените се во доволно напредна фаза од бременоста за да може тестирањето да биде успешно – посочил извор од една од ваквите агенции на американската телевизија.

Тие додаваат дека жените можат да дадат крв во болниците или да побараат од медицинско лице да ја изведе едноставната процедура. Агенциите потоа советуваат малите епрувети да се сокријат во плишани играчки или во кутии полни со храна за да не бидат откриени, а потоа да се испратат во Хонгконг преку пошта.

– Повеќе не ангажираме индивидуални лица и курири за пренесување на крвта. Премногу е ризично, владата неодамна ги откри нашите активности – велат претставници на фиримите кои ја вршат оваа активност.

Кинескиот закон за популација и планирање на семејство го забрани тестирањето на полот на децата на бремените жени во 2002 година, кој беше донесен како превентивна мерка за намалување на родовиот дисбаланс во земјата. Во земјата со 1.4 милијарди луѓе, имаше 32,7 милиони мажи повеќе од жени на крајот од 2017 година, според кинеското Национално биро за статистика.

Под строгата кинеска политика за едно дете, која ги ограничува родителите на еден потомок, родово селективните абортуси станаа нормална практика во надеж за добивање на машко дете. Поради ова, од 1970 до 2017 година, абортирани се 12 милиони женски фетуси, според студијата Националниот универзитет на Сингапур во мај.

Политиката за имање на само едно дете парцијално беше укината во 2015 година, но голем дел од родителите се откажуваат од повеќе деца поради високите трошоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close