Шведска нуди трета доза вакцина на лицата постари од 80 години

Вакцинација против ковид-19 кај постари лица пензионери
Вакцинација кај постарите лица / Фото EPA-EFE/Fredrik Sandberg/TT

Шведска ќе понуди трета доза на вакцина против коронавирусот на неколку групи на население, рече министерката за здравство Лена Халенгрен.  

Досега, малку луѓе во нордиската земја ја примиле третата доза, но таа можност сега ќе им биде понудена на вработените во домовите за стари лица, како и на населението постаро од 80 години, пренесува Ројтерс.  

Шведска објави дека ќе ги укине повеќето од преостанатите рестриктивни мерки и препораки воведени поради пандемијата на коронавирус до крајот на неделата.

Скандинавската земја има трета најниска стапка на смртност од ковид-19 во Европа во последните две недели (по Лихтенштајн и Словачка), а ваквата ситуација трае од почетокот на летото.   

Шведска од првиот ден на пандемијата води иста политика, нејзините резултати далеку подобри од тие на ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот