• трета доза на вакцина

Претседателот Пендаровски прими трета доза од вакцината против ковид

Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со вработените во Кабинетот ја примија третата доза вакцина против коронавирусот. -Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите, пишува Пендаровски на својот фејсбук-профил. Тој додава дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување со ковид-19.