Борбено возило ЦВ90 / Фото: Википедија / Jorchr

Шведска, Норвешка, Литванија и Финска сакаат заеднички да купат борбени возила

Шведска, Литванија, Норвешка и Финска размислуваат за заедничко купување на стотици шведски борбени возила за пешадија „ЦВ90“, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон, според „Ројтерс“.

Четирите земји сега подготвуваат изјава за намера да соработуваат за купување воени возила, рече Кристерсон на заедничката прес-конференција со неговиот литвански колега Гинтаутас Палукас.

Земјите во нордиските и балтичките региони, од кои пет граничат со Русија, нагло ги зголемуваат трошоците за одбрана како одговор на руската инвазија на Украина и барањата на САД европските членки на НАТО да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност.

„Сè уште не сме ги донеле сите одлуки, рече Кристерсон, но нагласи и дека колку побрзо се носат одлуките, толку побрзо ќе се реализира набавката. Станува збор за најмалку неколку стотици возила и тие се прилично скапи“, додаде тој.

Моделот CV90 го произведува шведската филијала на британската BAE Systems, најголемата одбранбена компанија во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот