Шведска без Златан Ибрахимовиќ на Европското првенство!

epa09097752 Sweden's Zlatan Ibrahimovic (R) chasing Georgia's Lasha Dvali during the FIFA World Cup 2022 qualifier soccer match between Sweden and Georgia at Friends Arena in Stockholm, Sweden, 25 March 2021 EPA-EFE/Pontus Lundahl SWEDEN OUT

Шведскиот селектор Јане Андерсон потврди дека ѕвездата на Милан нема да биде дел од претстојниот континентален сбори.

Поради повреда на коленото Златан Ибрахимовиќ нема да биде дел од составот на шведската репрезентација на Европското првенство.

Првичните извештаи по неговата специјалистичка консултација бараа третман од три недели, но во изјавата на „росонерите“ беше забележано дека иако операцијата не е неопходна, опоравувањето ќе трае шест недели.

– Денеска разговарав со Златан Ибрахимовиќ, кој за жал ми рече дека неговата повреда ќе го спречи неговото учество на Европското првенство ова лето. Секако дека е тажно, особено за Златан, но и за нас. Се надевам дека тој повторно ќе биде на теренот што е можно побрзо – рече селекторот на Шведска, Андерсон.

Својот прв натпревар Шведска на ЕП ќе го има против Шпанија на 14 јуни. Во групата „Е“ се наоѓаат уште селекциите на Полска и Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот