Фото: EPA-EFE/ROBIN UTRECHT

Швајцарците на референдум ќе одлучуваат за носење на бурка и никаб на јавни места

Швајцарците во недела ќе гласаат на рефендум за забрана за покривање на лица на јавни места, таканаречена „забрана за бурка, никаб и други форми на покривање на лицето во јавност”.

Иницијативата, покрената од десниот политички табор, доби поддршка и од левиот центар, поради што се очекува мнозинството Швајцарци да ја поддржат забраната за носење бурка и никаб и предлогот да стане закон, пишува Swissinfo.ch.

Тоа го покажуваат и анкетите спроведени пред референдумот, па се очекува Швајцарија, која пред малку повеќе од 10 години изгласа забрана за изградба на минариња во својата земја, сега да ѝ се придружи на соседна Франција, која во 2011 година целосно забрани носење на бурка.

Во Швајцарија никој не носи бурка, а никаб носат триесетина жени, според податоци на Универзитетот во Луцерн. Муслимани се 5,2 проценти од 8,6 милиони жители на Швајцарија, а повеќето од нив се од Турција, од БиХ и од Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот