Шумски полицаец претепан од дрвокрадци во Кавадарци

Фото: Архива

Шумски полицаец бил тешко повреден синоќа околу 23 часот на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци.

Од СВР Велес за МИА велат дека имаат регистрирано случај со повреден кавадарчанец, но повеќе детали најавија дополнително во текот на денот.

МИА се обрати и до кавадаречката Брза помош.

– Лицето се здобило со потешки телесни повреди, со три отворени рани на главата. Од кавадаречката болница, повредениот беше пренесен до Клиниката за неврохирургија во Скопје, заради крварење во главата, изјави доктор Ратко Грков, началник на Итна медицинска помош Кавадарци.

Според првичните сознанија, полицаецот не бил на должност и веројатно бил претепан од лица кои претходно биле фатени во кражба на дрва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот