ВИДЕО | Српска студентка стана вирална со одговорот на прорежимска новинарка: „Што те боли ку*от како се викам?“
„Што те боли ку*от како се викам?“
Препорачано
Ова ѝ го одговори студентка во Белград на новинарка од српскиот таблоид „Информер“, наклонет кон претседателот Александар Вучиќ, откако новинарката се обиде да ја испровоцира со прашање.
— Како се викате?“ „Дали ја осудувате состојбата на факултетите? — ја праша на почеток новинарката од „Информер“.
— Јас ве осудувам вас — најпрво смирено одговори студентката.
— Како се викате? — продолжи новинарката.
— Што те боли ку*от како се викам? — го заостри потоа својот одговор студентката.
— Што ме боли? — праша новинарката.
— Ку*от — појасни девојката.
-Ja osuđujem vas!
-Kako se zoveš ti?
-Ma šta te boli kurac kako se ja zovem, ja osuđujem vas!
-Šta me boli..?
-Kuraccc! pic.twitter.com/VmEeIkJp32— Jeremija (@4nbgd) March 31, 2026
Многумина корисници на социјалните мрежи изразија поддршка за директната и пркосна студентка, а со нејзиниот лик веќе се изработуваат и илустрации.
Идентитетот на девојката засега не е познат, но таа веќе влезе во историјата на виралната култура.
View this post on Instagram
Зошто студентите му замеруваат на „Информер“?
Студентите во Србија најмногу му замеруваат на „Информер“ зашто го сметаат за медиум кој не известува коректно за нив, туку систематски ги дискредитира. Во изјави и реакции што ги пренесоа локалните медиуми, студентите наведуваат дека „Информер“ објавува неточни тврдења, претерувања и пропагандни конструкции за студентските блокади и протести, наместо да се занимава со нивните реални барања, анализира хрватски „Индекс“.
Втората голема замерка е „таргетирање“ на поединечни студенти, односно јавно прозивање по име и презиме и претставување на студентите како политички манипулатори, платеници или непријатели на државата. Според студентите, „во прорежимскиот медиумски наратив“, блокадите и протестите честопати се прикажуваат како „насилство, уривање на државата и обоена револуција“, што студентите го доживуваат како обид за заплашување и делегитимирање на целото движење.
Поради сето тоа, студентите во март 2025 година организираа и протести против „Информер“ и поставија „новинарски ѕид на срамот“ со насловите од овој таблоид, со цел да покажат што сметаат за лаги, манипулации и неетичко известување.
Што се случува во Србија?
Српската полиција во вторникот влезе во Ректоратот на Белградскиот универзитет, каде што, по налог на Вишото јавно обвинителство, спроведува продолжение на истрагата за неодамнешната смрт на студентка од Филозофскиот факултет. Академската јавност тоа го гледа како продолжување на притисокот врз универзитетот по минатогодишните студентски блокади и масовни протести.
Дваесет и петгодишната студентка беше пронајдена мртва на платото пред Филозофскиот факултет ноќта на 26 март. Нејзината смрт, под сè уште неразјаснети околности, покрена истрага на факултетот, со сослушувања на деканот, вработените и обезбедувањето, поради сомневање за кривично дело „несовесно работење во службата“. Полицијата зема изјави и од студентите кои таа вечер се наоѓале во зградата.
Студентите потоа повикаа на протест пред Ректоратот и пред Филозофскиот факултет, каде што полицијата тепаше демонстранти со палки, а според некои сведоштва, употребила и солзавец. Повредени се најмалку двајца, а според снимките на социјалните мрежи, приведено е најмалку еден демонстрант.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, вечерта, во телефонско вклучување за провладината телевизија „Информер“, изјави дека на протестот било „видено чисто насилство“, оценувајќи дека „во пикот имало најмногу 3.900 луѓе“. Говорот на ректорот Ѓокиќ го нарече „напишан“ и „политички“, тврдејќи дека образованието во Србија го уништуваат „најнеспособните луѓе во земјата“.
Шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, порача дека сите страни треба да се воздржат од политизација и инструментализација на смртта на студентката од Филозофскиот факултет во Белград, а медиумите ги повика да покажат почит во случајот со трагедијата.


